Собранието на Турција објави соопштение со осудување на актите на насилство во Казахстан

Од страна на претседателот на Собранието Мустафа Шентоп и Партијата за правда и развој (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата за националистичко движење (МХП) и Партијата ИЈИ беше објавена порака со поддршка на Казахстан

1761725
Собранието на Турција објави соопштение со осудување на актите на насилство во Казахстан

На вчерашната седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беше објавено соопштение за осудување на актите на насилство во Казахстан за време на протестите во оваа земја.

Соопштението во кое се изразува поддршката на Турција на Казахстан беше објавено од страна на претседателот на Собранието Мустафа Шентоп и четири партии во Собранието, Партијата за правда и развој (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата за националистичко движење (МХП) и Партијата ИЈИ.

Во усвоеното заедничко соопштение кое беше прочитано пред Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) се истакнува дека „со загриженост се следат случувањата во братски Казахстан во последните денови“.

Во соопштението се подвлекува дека стабилноста и мирот на Казахстан се исто толку важни колку и мирот и спокојството на Турција.

„ Благодарение на здравиот разум на народот на Казахстан и одлучниот и непоколеблив став на управата, чувствуваме задоволство од што настаните почнаа да се смируваат и ситуацијата во земјата почна да се нормализира. на нашите казачки браќа кои ги загубија своите животи во немирите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните ожалостени блиски, поскауваме трпение, а на повредените брзо закрепнување. Ги осудуваме актите на насилство кои ги доведоа во опасност човечките животи, го нарушија јавниот ред и нанесоа штета на имотот. Ја поддржуваме реформската агенда на управата на Казахстан за уште повеќе зголемување на благосостојбата и просперитетот на народот. Нашето Гази (ветеранско) Собрание нема да ја заборави солидарноста што ја покажаа казахстанските власти за време на предавничкиот обид за пуч на 15 јули (2016 година на Фетулахистичката терористичка организација). Турција која стои покрај Казахстан уште од првиот ден на неговата независност, ќе продолжи да и ја дава секој вид поддршка за мирот и стабилноста на Казахстан, кои се од витално значење за регионот воопшто“. - стои во објавеното соопштение од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

 



Слични вести