Министерот за надворешни работи Чавушоглу во официјална посета на Кина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека со неговиот кинески колега ВангЈи се сретнал во кинескиот град Вуши, во близина на Шангај

1761591
Министерот за надворешни работи Чавушоглу во официјална посета на Кина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во официјална посета на Народна Република Кина.

Чавушоглу во рамките на своите разговори претседаваше со меѓуделегациските разговори, заедно со неговиот колега, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Чавушоглу на остварената средба со Ванг Ји разговараше за глобални прашања како што се билатералните односи и епидемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека со неговиот кинески колега ВангЈи се сретнал во кинескиот град Вуши, во близина на Шангај.

Тој на својот профил напиша: „Со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји разговаравме за нашите билатерални односи и регионални прашања. Ги оценивме можностите за економска соработка. Ги пренесовме нашите ставови, очекувања и чувствителноста во однос на прашањата од нашата агенда, а особено за заедницата на Турците Ујгури.“



Слични вести