Претседателот на Собранието Шентоп го прими амбасадорот на Казахстан во Анкара Сапарбекули

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека внимателно ги следат случувањата во Казахстан и го изрази своето задоволство од тоа што во голема мера е воспоставена стабилноста.

1760999
Претседателот на Собранието Шентоп го прими амбасадорот на Казахстан во Анкара Сапарбекули

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го прими Абзал Сапарбекули, амбасадорот на Казахстан во Анкара.

На приемот, Шентоп истакна дека внимателно ги следат случувањата во Казахстан и го изрази своето задоволство од тоа што во голема мера е воспоставена стабилноста.

Укажувајќи на важноста од воспоставување стабилност во Казахстан за регионот, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече: „Ние како Турција сме подготвени отсега да ја дадеме нашата поддршка и да го направиме сето она што е во наша можност.“

Амбасадорот на Казахстан во Анкара Абзал Сапарбекули го информираше Шентоп за настаните во неговата земја во врска со што истакна дека насекаде во земјата е воспоставен јавниот ред.

Сапарбекули соопшти дека и мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност за два дена ќе почнат да ја напуштат земјата.

Протестите во Казахстан започнаа на 2 јануари во западниот дел на земјата поради поскапувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ) и влошувањето на социо-економска состојба, кои потоа се проширија и во другите делови на земјата.

За време на демонстрациите дојде до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите при што имаше и голем број човечки загуби.

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја сметаше за одговорна за протестите.

Откако протестите почнаа да се прошируваат низ целата земја беше прогласена вонредна состојба.

 

 



Слични вести