Порака со сочувство од Чавушоглу за смртта на претседателот на Европскиот парламент Сасоли

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на Твитер напиша: "Со големо жалење дознав за веста за смртта на Давид Сасоли. Го изразувам моето сочувство до неговите блиски и до Европскиот парламент. Нека почива во мир.“

1760657
Порака со сочувство од Чавушоглу за смртта на претседателот на Европскиот парламент Сасоли

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу објави порака со сочувство за смртта на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли кој почина во болницата во која се наоѓаше на лекување.

Министерот Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: "Со големо жалење дознав за веста за смртта на Давид Сасоли. Го изразувам моето сочувство до неговите блиски и до Европскиот парламент. Нека почива во мир."

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли почина во болницата во Авиано, во Италија кадешто извесно време беше на лекување.

Веста за смртта на 65-годишниот Сасоли пристигна од неговиот портпарол Роберто Куило.

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли беше хоспитализиран во септември поради воспаление на белите дробови, долго време не можеше да претседава со седниците на Парламентот, а не можеше да присуствува и на состаноците на високо ниво  и самитите на Европската унија (ЕУ).

 



Слични вести