Министерот за надворешни работи Чавушоглу: Со сите наши можности сме покрај Казахстан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата на турските држави што се одржа онлајн истакна дека со сите можности се стои покрај Казахстан

1760938
Министерот за надворешни работи Чавушоглу: Со сите наши можности сме покрај Казахстан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата на турските држави што се одржа онлајн, а на чиј дневен ред беше Казахстан.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, Чавушоглу истакна дека претставува долг да се биде покрај Казахстан во овие тешки денови за него.

Мевлут Чавушоглу напомена дека по случувањата во Казахстан се состанаа на вонреден состанок како министри за надворешни работи на Организацијата на турските држави и дека случувањата во Казахстан како значаен член на семејството на турскиот свет влијаеја длабоко на сите.

Велејќи дека со загриженост ги следат случувањата во Казахстан и дека турскиот свет е едно големо семејство, Чавушоглу рече: „Чувствуваме големо жалење поради случувањата во Казахстан. На мојот брат Мухтар (министерот за надворешни работи на Казахстан Мухтар Тлеуберди) и на народот на Казахстан им посакуваме што побрзо да го пребродат тоа. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Како семејство на турските држави, ние стоиме покрај нашите браќа во Казахстан и сме солидарни со нив во ова за нив тешко време.“

Мевлут Чавушоглу нагласи дека се задоволни од тоа што ситуацијата е ставена под контрола, а воедно истакна дека се радосни од назначувањето на Алихан Смаилов за нов премиер на Казахстан и дека ќе продолжат да работат во соработка со него.

Појаснувајќи дека мирот и стабилноста во Казахстан се важни како за регионот и организацијата, така и за глобалниот мир, Чавушоглу рече: „Казахстан располага со способност, искуство и државна традиција да ја надмине оваа криза. Формиран е силен државен ум во согласност со визијата на нашиот почесен претседател Нурсултан Назарбаев и претседателот Касим Жомарт-Токаев. Казахстанскиот народ, исто така, располага со здрав разум да го покаже духот на единство и солидарност за изнаоѓање решение за актуелните проблеми.“

Чавушоглу истакна дека нивната главна порака во заедничкото соопштение што го објавија како Организација на турските држави и во заедничкото соопштение што ќе биде прифатено денеска е дека како голем турски свет стојат покрај Казахстан и дека поддршката на Казахстан за повторно враќање на стабилноста во земјата е целосна.

„Ние и како Турција, уште од самиот почеток бевме во контакт со казахстанските власти. /.../ И отсега сме покрај Казахстан со сите наши можности, сме спремни да го направиме она што ни се паѓа, спремни сме да ги мобилизираме сите наши можности.“ - порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

 



Слични вести