Министерот Акар: Планираните напади преку границата ги надминуваат границите на толеранцијата

Министерот Акар истакна дека по терористичкиот напад на 8 јануари на граничната линија со Сирија во Акчакале во кој станаа шехиди (загинаа) тројца војници беа започнати операции за казнување коишто ќе продолжат со зголемено темпо и зголемена жестина

1760940
Министерот Акар: Планираните напади преку границата ги надминуваат границите на толеранцијата

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со неодамнешниот терористички напад на граничната линија со Сирија во населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа во кој станаа шехиди (загинаа) тројца војници, овие планирани напади надвор од границата ги надминуваат границите на толеранцијата.

Тој рече: „Нашите операции за казнување ќе продолжат со зголемено темпо и зголемена жестина.“

Нагласувајќи дека операциите беа започнати веднаш по терористичкиот напад на 8 јануари на граничната линија во Акчакале во кој станаа шехиди (загинаа) тројца војници, Акар рече: „Овие планирани напади надвор од нашите граници ја надминаа границата на нашата толеранција. Крвта на нашите шехиди (загинати) не ја оставивме и нема да ги ставиме на земјата, неосветена. На силен начин ги погодивме целите на ПКК/ЈПГ и ќе продолжиме да ги гаѓаме. (Од 8 јануари) Досега се неутрализирани 22 терористи. Проценуваме дека оваа бројка ќе се зголеми.“

Нагласувајќи дека операциите за казнување против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ ќе продолжат со зголемена жестина и зголемено темпо, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Уште еднаш истакнуваме дека очекуваме сите наши соговорници да ги исполнат своите одговорности во рамките на договорите (по прашањето на борбата против тероризмот во Сирија).

 



Слични вести