Телефонски разговор меѓу министерот Хулуси Акар и неговиот азербејџански колега Закир Хасанов

Министерството за национална одбрана соопшти декаминистерот Хулсуи Акар оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов

1760132
Телефонски разговор меѓу министерот Хулуси Акар и неговиот азербејџански колега Закир Хасанов

Министерот за национална одбрана Хулсуи Акар оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека, во телефонскиот разговор азербејџанскиот министер за одбрана Хасанов го изразил своето сочувство до министерот Хулуси Акар за тројцата турски војници кои станаа шехиди (загинаа) во завчерашната експлозија на поставена експлозивна направа од рачна изработка од страна на терористите на сапаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, на сириската граница во близина на населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа.

Во соопштението се вели дека освен тоа во телефонскиот разговор беа разменети мислења и во врска со активностите за соработка во воената обеука помеѓу Турција и Азербејџан.



Слични вести