Портпаролот Калин разговараше со советникот за национална безбедност на САД Саливан

Во разговорот беше направена проценка на политичките и економските односи и развојот на одбранбената соработка

1760304
Портпаролот Калин разговараше со советникот за национална безбедност на САД Саливан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан.

Во разговорот беше направена проценка на политичките и економските односи и развојот на одбранбената соработка.

Во рамките на глобалните и регионалните прашања беа разменети мислења за кризата во Украина, протестите во Казахстан, процесот за нормализација со Ерменија, случувањата во Авганистан, Босна и Херцеговина и Етиопија.

Беше разговарано за деталите и темите за заедничкиот стратешки механизам за кој е постигната согласност меѓу Турција и САД.

Беше констатирано дека кризата во Украина треба да се реши по пат на дијалог и соработка и дека Турција е подготвена да обезбеди секој вид придонес по ова прашање. Беше подвлечено значењето коешто Турција го придава на одбраната на територијалниот интегритет на Украина.

Беше нагласено дека смиреноста на настаните во Казахстан за што е можно поскоро време е значајна за мирот и стабилноста на регионот. Беа споменати обидите на Организацијата на турските држави по ова прашање.

Беше направена проценка на процесот на нормализација меѓу Турција и Ерменија и придонесот за воспоставување на трајниот мир меѓу Азербејџан и Ерменија за стабилноста и просперитетот на регионот.

Во телефонскиот разговор меѓу портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан, беше нагласено дека Турција е решена да продолжи со својата улога што ја презема во воспоставувањето на мирот и стабилноста на Балканот, Кавказ, Блискиот Исток, Централна Азија и Африка.

 



Слични вести