Омер Челик: Претседателот Ердоган води интензивна дипломатија по прашањето на Казахстан
Омер Челик истакна дека претседателот Ердоган води интензивна дипломатија по прашањето на Казахстан и дека продолжува да се поддржува Казахстан за да се воспостави единството и интегритетот и да се надминат настаните во оваа земја

Потпретседателот и портпарол на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик додека продолжуваше состанокот на Централниот извршен совет (МЈК) под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, се појави пред камерите и даде изјави во врска со актуелниот дневен ред.
Челик истакна дека претседателот Ердоган води интензивна дипломатија по прашањето на Казахстан и дека продолжува да се поддржува Казахстан за да се воспостави единството и интегритетот и да се надминат настаните во оваа земја.
Омер Челик изрази надеж дека Казахстан ќе ги преброди овие денови и за кратко време ќе се врати во своите стабилни и силни денови.
Протестите во Казахстан започнаа на 2 јануари во западниот дел на земјата поради поскапувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ) и влошувањето на социо-економска состојба, кои потоа се проширија и во другите делови на земјата.
За време на демонстрациите дојде до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите при што животите ги загубија десетици лица меѓу кои и припадниците на безбедносните сили.
Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја смета за одговорна за протестите.
Откако протестите почнаа да се прошируваат низ целата земја, беше прогласена вонредна состојба.
Слични вести

Ердоган: „Проширувањето на НАТО за нас е значајно се додека се почитува нашата чувствителност“
Од нив очекуваме да ги разберат напорите на Турција за заштита на своите граници