Во северните делови на Ирак и Сирија се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека се неутрализирани тројца терористи од кои двајца во подрачјето на операција „Шепа-Молња“ во северниот дел на Ирак и еден во подрачјето на операција Извор на мирот восеверниот дел на Сирија

1759588
Во северните делови на Ирак и Сирија се неутрализирани тројца терористи

Неутрализирани се тројца терористи од кои двајца членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК утврдени во подрачјето на операцијата „Шепа-Молња“ („Pençe-Şimşek“) на северот на Ирак и еден терорист член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кој се обидел да изврши напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Нашата борба против тероризмот продолжува на ефикасен и одлучен начин! Неутрализирани се двајца терористи на ПКК утврдени во подрачјето на операцијата 'Шепа-Молња' во северниот дел на Ирак и еден терорист на ПКК/ЈПГ кој се обиде да изврши напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.“



Слични вести