Во експлозија на сириската граница загинаа тројца турски војници, а се неутрализирани 12 терористи

Во експлозија на рачно изработена експлозивна направа на сириската граница кај Акчакале-Шанлиурфа станаа шехиди (загинаа) тројца турски војници, а во отворениот арителирски оган по овој кукавички напад се неутрализирани 12 терористи

1759450
Во експлозија на сириската граница загинаа тројца турски војници, а се неутрализирани 12 терористи

Во експлозија на рачно изработена експлозивна направа на турско-сириската граница во непосредна близина на населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа станаа шехиди (загинаа) тројца турски војници.

Веднаш по овој извршен кукавички напад на терористите со артилериски орудија беа погодени терористичките цели на сепаратстичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето при што според првични добиени информации се неутрализирани 12 терористи.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека по нападот со рачно изработена експлозивна направа на граничната линија кај Акчакале во кој станаа шехиди (загинаа) тројца војници беше отворен интензивен оган со артителирски орудија врз целите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во соопштението се истакнува дека според добиени првични информации во отворениот оган се неутрализирани 12 терористи и се вели следното: „Нашите операции против терористите во подрачјето продолжуваат. Ние никогаш не ја оставивме на земјата, неосветена крвта на нашите шехиди (загинати). На нашите јуначки соборци им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните ожалостени семејства и им посакуваме трпение.“

Министерството за национална одбрана во објавеното претходно соопштение истакна дека во експлозија на рачно изработена експлозивна направа поставена од страна на терористите на граничната линија во близина на населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа, станаа шехиди (загинаа) тројца турски војници.



Слични вести