Сочувство од Турција до Нигерија за нападите во кои загинаа повеќе од 100 цивили

Министерството за надворешни работи објави соопштение со сочувство во кое се истакнува дека со длабоко жалење е дознаено за нападите во Замфара, во северозападот на Нигерија, во кои загинаа повеќе од 100 цивили

1759583
Сочувство од Турција до Нигерија за нападите во кои загинаа повеќе од 100 цивили

Турција објави порака со сочувство за нападите во провинцијата Замфара во Нигерија во кои загинаа повеќе од 100 цивили.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со длабоко жалење е дознаено за нападите во Замфара, во северозападот на Нигерија во кои загинаа  повеќе од 100 цивили.

Во соопштението се вели следното: „Жестоко ги осудуваме овие грозоморни напади. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејствата на загинатите во нападите и до пријателскиот и братски народ и владата на Нигерија.“

Инаку, во вестите коишто беа објавени во локалниот печат во Нигерија во петокот беше истакнато дека во реализираните напади од страна на вооружените банди во провинцијата Замфара загинаа повеќе од 100 лица.



Слични вести