Чавушоглу: Посакуваме Казахстан што поскоро да се стекне со стабилност, мир и спокојство

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека посакуваат што поскоро Казахстан да се стекне со стабилност, мир и спокојство.

1759595
Чавушоглу: Посакуваме Казахстан што поскоро да се стекне со стабилност, мир и спокојство

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот за консулатции и проценка на градската организација на Анкара на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) што се одржа во Анталија кадешто истакна дека посакуваат што поскоро Казахстан да се стекне со стабилност, мир и спокојство.

Тој рече: „За тоа, како Турција и Организација на турските држави, ќе ја дадеме секој вид поддршка.“

Министерот Чавушоглу појасни дека Турција има една своја кауза во надворешната политика и дека грижите и проблемите на своите сонародници и роднински заедници секаде ги смета како своја грижа.

„Иднината на турскиот свет е наша грижа. Ете загрижени сме за случувањата во Казахстан, внимателно ги следиме. Нашиот претседател, како претседавач на Организацијата на турските држави разговараше со претседателите на земјите членки, а оосбено со претседателот на Казахстан. И јас разговарав со министрите за надворешни работи, вклучувајќи ја и Унгарија која е посматрач. Во вторник ќе одржиме состанок на министрите за надворешни работи. Ние нашите изјави ги дадовме како Турција и Организација на турските држави. Наша желба е Казахстаншто поскоро да се стекне со стабилност, мир и спокојство. За тоа, како Турција и Организација на турските држави, ќе ја дадеме секој вид поддршка. Грижите на другите земји членки, односно грижите на турскиот свет, се наши грижи. Тоа целиот свет го виде при победата на Карабах.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести