Акар: Грција криејќи се зад членството во ЕУ се обидува да ги прикрие нејзините агресивни дејствија

Министерот Акар истакна дека и покрај повиците на Турција за дијалог, Грција се обидува да ги прикрие нејзините агресивни дејствија затскривајќи се притоа зад членството во Европската унија (ЕУ)

1759215
Акар: Грција криејќи се зад членството во ЕУ се обидува да ги прикрие нејзините агресивни дејствија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на комеморативната програма во чест на сеќавање на доктор Садик Ахмет покојниот лидер на Турците од Западна Тракија, Грција, што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Акар својот говор го започна посакувајќи му милост од Аллах за Садик Ахмет, големиот поборник на праведната борба на Турците од Западна Тракија.

Министерот Акар истакна дека и покрај повиците на Турција за дијалог, Грција се обидува да ги прикрие нејзините агресивни дејствија затскривајќи се притоа зад членството во Европската унија (ЕУ).

Хулуси Акар во врска со борбата на Турците од Западна Тракија, го рече следното: „Како Турција ќе продолжиме да ги браниме правата на Турците од Западна Тракија во рамките на меѓународното право и универзалните човекови права, ќе продолжиме да стоиме силно против политиките со коишто се негира нивниот идентитет, никој не треба да има сомневање во тоа.“

Велејќи дека Грција се обидува да ги прикрие своите агресивни дејствија затскривајќи се зад нејзиното членство во Европската унија (ЕУ), Акар рече: „И покрај сите наши добронамерни повици за дијалог, Грција ги искривува сите видови вистини и се преправа дека е земја жртва (на која се посакува да и се наштети), се маскира во земја жртва барајќи засолниште во членството во ЕУ, се обидува да ги прикрие своите незаконски и агресивни дејствија. Создавајќи вештачка перцепција за закана се обидува да формира сојуз во сојуз. Води и обиди и настојува проблемите со Турција да ги доведе во состојба на проблем меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) или меѓу Турција и НАТО.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се осврна и на проблемот со островите, во врска со што истакна дека Грција спротивно на меѓународните договори ги вклучи во различни воени вежби најмалку 16 острови во Егејското Море, а воедно го додаде следното: „Грција исто така тврди дека има суверенитет над островите, островчињата и карпите чиј суверенитет не и припаѓа нејзе сосогласно договорите, па дури некои од овие острови ги става и на продажба. Грција продолжува и со нејзините ирационални и незаконски претензии во Источниот Медитеран.“

 



Слични вести