Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 8 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 8 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1758787
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 8 терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 8 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека терористи се обиделе да извршат напад врз подрачјето на операцијата Изворот на мирот.

Во соопштението се вели следното: „Нашите јуначки командоси продолжуваат да им нанесуваат удар на терористите во северниот дел на Сирија. Јуначките турски војници Мехметчик кои им одговараат неколкукратно на терористите кои реализираат обиди за напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, неутрализираа уште 8 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето.“

Од друга страна, како резултат на активностите за убедување коишто се реализираат од страна на екипите на Дирекцијата на полицијата на градот Битлис еден терорист на сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предаде на безбедносните сили на граничниот премин кај градот Ширнак,



Слични вести