Турција ја осуди новата одлука на Израел за изградба на нови доселенички населби
Министерството за надворешни работи го осуди Регионалниот комитет за планирање и изградба на локалната самоуправа на Ерусалим (Кудс) од чија страна беа одобрени 5 планови за населување кои опфаќаат 3.557 нови населби во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс)

Осуда од Турција до Израел…
Министерството за надворешни работи го осуди Регионалниот комитет за планирање и изградба на локалната самоуправа на Ерусалим (Кудс) од чија страна беа одобрени 5 планови за населување кои опфаќаат 3.557 нови населби во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс).
Во објавеното писмено соопштение на Министерството се потсетува дека населбите што ги згради Израел на окупираните палестински територии се во спротивност со меѓународното право, вклучувајќи ги и резолуциите на Обединетите нации (ОН).
Во соопштението се вели следното: „Овие нови нелегитимни активности со кои се има за цел да ја направат физички невозможна географски обединета палестинската држава, исто така сериозно и наштетуваат и на визијата за решение со две држави и на основата за траен мир.“
На Западниот Брег кој во 1967 година беше окупиран од страна на Израел има повеќе од 250 илегални еврејски населби. Приближно 500 илјади еврејски доселеници кои живеат во населби го отежнуваат уште повеќе животот на Палестинците кои живеат под окупација.
Сите еврејски доселенички населби на окупираните палестински територии според меѓународното право се сметаат за илегални.