Новиот амбасадор на САД Џеф Флејк допатува во Анкара

Џеф Флејк заедно со неговата сопруга Шерил Флејк со авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од Сан Франциско најпрвин допатува на Истанбулскиот Аеродром, а оттаму пристигна на аеродромот Есенбога во Анкара

1759108
Новиот амбасадор на САД Џеф Флејк допатува во Анкара

Новиот амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Турција Џеф Флејк пристигна во Анкара кадешто ќе почне да ја извршува својата амбасадорска должност.

Џеф Флејк заедно со неговата сопруга Шерил Флејк со авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со број на лет ТК 290 од Сан Франциско најпрвин допатува на Истанбулскиот Аеродром, а оттаму со летот на Туркиш Ерлајнс број ТК 2152 слета на аеродромот Есенбога во Анкара. 

Во дадената изјава за новинарите на аеродромот, Флејк истакна дека се многу среќни што се наоѓаат овде и го рече следното: „Ја гледате мојата сопруга Шерил до мене. Како што можете да видите, штотуку пристигнавме во Анкара. Ќе разговараме повеќе по предавањето на моите акредитиви. Но, во моментов, чувствувам голема среќа од тоа што сум овде.“

Џеф Флејк, кој беше номиниран за должноста амбасадор на САД во Анкара од страна на американскиот претседател Џо Бајден и чие номинирање беше одобрено во Сенатот во октомври, на 11 декември 2021 година положи заклетва пред американската потпретседателка Камала Харис.

Џеф Флејк иако беше Републиканец тој на одржаните претседателски извори во 2020 година го поддржа кандидатот на Демократската партија Џо Бајде, беше сенатор на сојузната држава Аризона во американскиот Сенат во периодот 2013-2019 година и член на Претставничкиот дом во периодот 2001-2013 година.

Флејк се пензионира од Сенатот во 2019 година со образложение дека се разликува со администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп и политиките на Републиканската партија.

 



Слични вести