Ердоган: Го поддржуваме секој напор кој е во одбрана на традиционалните културни и уметнички вредности

Претседателот Ердоган рече: „Го поддржуваме секој напор кој застанува во одбрана на нашите традиционални културни и уметнички вредности и кој има за цел да размислува за нив и да ги пренесува на иднината“

1759056
Ердоган: Го поддржуваме секој напор кој е во одбрана на традиционалните културни и уметнички вредности

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Второто биенале Једитепе што се одржа во Сулејманије Даруззијафе во Истанбул и овде истакна дека го поддржуваат секој напор кој застанува во одбрана на традиционалните културни и уметнички вредности на Турција.

Велејќи „Го поддржуваме секој напор кој застанува во одбрана на нашите традиционални културни и уметнички вредности и кој има за цел да размислува за нив и да ги пренесува на иднината“, претседателот Ердоган рече: „Треба да продолжиме да ги зголемуваме ваквите видови активности се додека нашата културна и уметничка акумулација не ја пренесеме на сите членови на нашиот народ на чело со новите генерации. Искрено ќе направиме се што ни се паѓа нам за да застанеме во одбрана на нашата цивилизација, нашата историја, нашето културно и уметничко наследство и да ги водиме нив уште понапред. Треба да ги ставиме во акција нашите средства против подлиот напад кој има за цел под името уметност, да ги нормализира секој вид изопаченост, неморалност и маргиналност.“



Слични вести