Чавушоглу разговараше со неговиот казахстански колега Тлеуберди за најновите случувања во оваа земја
Во телефонскиот разговор на кој беа разгледани најновите случувања во Казахстан, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја повтори поддршката на Турција за Казахстан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу имаше телефонски разговор со неговиот казахстански колега Мухтар Тлеуберди.
Во разговорот на кој беа разгледани најновите случувања во Казахстан, министерот Чавушоглу ја повтори поддршката на Турција за Казахстан.
Во телефонскиот разговор меѓу двајцата шефови на дипломатии беа разменети мислења за вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата на турските држави, кој ќе се одржи онлајн на 11 јануари и на кој ќе се направи проценка на случувањата во Казахстан.
Протестите во Казахстан кои започнаа на 2 јануари поради поскапувањата на течниот природен гас (ЛНГ) и влошената социо-економска состојба во земјата, се претворија во насилство и вооружени конфликти во најголемиот град Алмати.
Претседателот Касим Жомерт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја сметаше за одговорна за протестите и по проширувањето на немирите прогласи вонредна состојба во земјата.
Слични вести
