Чавушоглу оствари телефонски разговори со неговите колеги од Етиопија, Катар и Ангола

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари одделни телефонски разговори со неговите колеги од Етиопија, Катар и Ангола

1758794
Чавушоглу оствари телефонски разговори со неговите колеги од Етиопија, Катар и Ангола

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Етиопија Демеке Меконен.

Според добиени информации од надлежни на Министерството за надворшени работи, во разговорот беа разгледани билатералните односи и најновите случувања во регионот.

Во Етиопија на крајот на 2020 година кога бунтовничкиот Народен ослободителен фронт Тиграј (TPLF) започна бунт против централната власт избувна граѓанска војна.

Поради судирите помеѓу армијата и бунтовниците стотици илјади лица беа приморани да ги  напуштат своите домови, а илјадници лица ги загубија животите.

Откако бунтовниците почнаа да се приближуваа кон главниот град Адис Абеба, етиопската армија во декември 2021 година започна воздушни операции по што Народно ослободителниот фронт Тиграј (TPLF) мораше да се повлече.

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу имаше одделни телефонски разговори и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Катар Шеик Мухамед бин Абдурахман Ал Тани и со министерот  за надворешни работи на Ангола Тете Антонио.

Не беа споделени ифнромации во врска со содржината на овие остварени телефонски разговори.



Слични вести