Турција го промовира својот електричен автомобил „ТОГГ“ на саемот „CES 2022“ во Лас Вегас, во САД
„ТОГГ“ на саемот што се одржува во од 5 до 7 јануари Лас Вегас, во САД, учествува со својот визионерски автомобил наречен „Умен уред за концепт на транзиција“, односно „Transition Concept Smart Device“




















Глобалниот технолошки бренд „ТОГГ“ (Иницијаторската група за автомобил на Турција) кој дава услуга во сферата на мобилноста, ги сподели своите иновитети и новини со светската јавност, на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника „CES 2022“ во Лас Вегас, во Соединетите Американски Држави (САД).
„ТОГГ“, на саемот што се одржува во Лас Вегас од 5 до 7 јануари учествува со својот визионерски автомобил и соопштувајќи и ги на светската јавност своите иновитети и новини преку прес конференција го претстави својот концептен автомобил наречен „Умен уред за концепт на транзиција“, односно „Transition Concept Smart Device“ со кој се нагласува неговиот поглед кон иднината.
Високиот раководител (ЦЕО) на „ТОГГ“ Ѓурџан Каракаш истакна дека тие не се класична автомобилска компанија и го рече следното: „Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на CES, точката на средба на најновите иновации и новини во технологијата. Ние сме технолошка компанија која делува на полето на мобилноста и која е формирана на територијата кадешто се среќаваат Исток и Запад, умот и емоциите. Поставувајќи ги во нашиот центар корисникот и податоците во новиот свет во кој автомобилската индустрија брзо се претвора во екосистем за мобилност, ние произведуваме решенија.“