Телефонска дипломатија од претседателот Ердоган за настаните во Казахстан

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателот на  Казахстан Касим Жомарт-Токаев, како и со претседателите Азербејџан, Киргистан и Узбекистан со кои размени мислења во однос на најновите случувања во Казахстан

1758458
Телефонска дипломатија од претседателот Ердоган за настаните во Казахстан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на претседавач на Организацијата на турските држави оствари одделни телефонски разговори со лидерите на земјите членки на организацијата, во врска со случувањата во Казахстан.

Според објавеното соопштение од страна на Одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган разговараше телефонски првенствено со претседателот на  Казахстан Касим Жомарт-Токаев, како и со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Киргистан Садир Џапаров и со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев со кои размени мислења во однос на најновите случувања во Казахстан.

На разговорот со претседателот на Казахстан Токаев, претседателот Ердоган истакна дека внимателно и одблизу ги следи случувањата во пријателски и братски Казахстан, а воедно им посака милост од Аллах на загинатите во настаните, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Велејќи дека Турција е во солидарност со Казахстан, Ердоган истакна дека и во објавеното соопштение од страна на Организацијата на турските држави е нагласена поддршката на Казахстан.

Изразувајќи надеж дека што поскоро ќе биде формирана новата влада во Казахстан и дека тензиите ќе завршат за кратко време, Ердоган рече дека верува оти народот на Казахстан ќе ги надмине проблемите во рамките на меѓусебната доверба и дијалогот.

Претседателот Ердоган појасни дека Турција е подготвена да ги сподели сите видови технички знаења и искуства доколку се појави потреба за тоа.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на остварените разговори со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Киргистан Садир Џапаров и со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, нагласи дека стабилноста и безбедноста на Казахстан се важни за целиот регион на чело со неговите соседи, а воедно додаде дека лично е сигурен дека братски Казахстан ќе го надмине овој проблем преку дијалог.

 



Слични вести