Сочувство од Турција до САД за загинатите во пожарот во Филаделфија, во САД

Министерството за надворешни работи објави соопштение со сочувство за загинатите во пожарот што избувна во една троспратна зграда во градот Филаделфија, во САД во кој животите ги загубија 13 лица, а 2 лица беа повредени

1757851
Сочувство од Турција до САД за загинатите во пожарот во Филаделфија, во САД

Турција изрази сочувство до Соединетите Американски Држави (САД) за загинатите во пожарот што избувна во градот Филаделфија.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со жалење е дознаено за големиот број загинати и повредени во пожарот што избувна во една зграда во Филаделфија, со САД. Го изразуваме нашето сочувство до народот и владата на САД, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување.“

Инаку во пожарот што избувна во една троспратна зграда во Филаделфија во САД животите ги загубија 13 лица, а 2 лица беа повредени.



Слични вести