Претседателот на Собранието Шентоп: Настаните во Казахстан ги следиме со жалење и внимателност

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп рече: „Внимателно и со жалење ги следиме настаните во пријателската и братска земја Казахстан. Веруваме дека државата Казахстан и братскиот народ на Казахстан со здрав разум ќе ги надминат овие тешки денови“

1758255
Претседателот на Собранието Шентоп: Настаните во Казахстан ги следиме со жалење и внимателност

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека со жалење и внимателност се следат настаните во Казахстан и рече: „Турција секогаш е покрај Казахстан.“

Мустафа Шентоп го истакна следното: „Внимателно и со жалење ги следиме настаните во пријателската и братска земја Казахстан. Веруваме дека државата Казахстан и братскиот народ на Казахстан со здрав разум ќе ги надминат овие тешки денови и брзо ќе се стекнат со спокојство и стабилност. Турција секогаш е покрај Казахстан.“

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение вчера од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека се посакува што поскоро да се смират настаните во Казахстан и беше додадено следното: „Имаме целосна доверба дека управата на Казахстан ќе ја преброди оваа криза.“



Слични вести