Ердоган: Турција е меѓу првите 3 земји во светот во наоружаните, ненаоружаните и офанзивните беспилотни летала

Претседателот Ердоган истакна дека Турција веќе е меѓу првите 3 земји во светот во производството на наоружани, ненаоружани и офанзивни беспилотни летала (ИХА, СИХА и ТИХА)

1758490
Ердоган: Турција е меѓу првите 3 земји во светот во наоружаните, ненаоружаните и офанзивните беспилотни летала

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во постројките на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во населенто место Кахраманказан кај Анкара говореше на церемонијата на колективно свечено отворање на Националните технологии и новите инвестиции.

Ердоган овде истакна дека Турција веќе е меѓу првите 3 земји во светот во производството на наоружани, ненаоружани и офанзивни беспилотни летала (ИХА, СИХА и ТИХА).

Претседателот Ердоган во врска со домашните системи за воздушна одбрана коишто се развиваат го рече следното:„Засега ги произведовме ХИСАР, наскоро ќе го завршиме СИПЕР и ќе произведеме и повеќе.“

Велејќи дека буџетот на проектите за одбранбената индустрија на Турција од 5,5 милијарди долари се зголеми на 75 милијарди долари и дека и годишниот промет на секторот од 1 милијарда долари се зголеми на 10 милијарди долари, Ердоган рече: „Веќе сме меѓу првите 3 земји во светот во производството на наоружани, ненаоружани и офанзивни беспилотни летала (ИХА, СИХА и ТИХА). Ние сме во секое поле на технологијата кадешто треба да не има во одбранбената индустрија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на националениот борбен авион на Турција чии активности за роизводство продолжуваат и го рече следното: „Се надевам дека во 2023 година ќе го извадиме нашиот национален борбен авион од хангарот и ќе му го покажеме на целиот свет. Нашиот национален борбен авион, својот прв лет ќе го реализира во 2025 година и ќе го заземе своето место на небото во 2029 година како ударна сила на нашите воздухопловни сили. Сега влегуваме во период во кој ќе дејствуваме попланирано, посистематски и среднорочно во одбранбената индустрија.“

 



Слични вести