Турција ја повика Грција да ги почитува меѓународното право и договорите

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич, изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас насочени против Турција ги оцени како „провокативна реторика“

1757265
Турција ја повика Грција да ги почитува меѓународното право и договорите

Турција ја повика Грција да ги почитува меѓународното право и договорите.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич, изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас насочени против Турција ги оцени како „провокативна реторика“.

Билгич, во дадениот писмен одговор по ова прашање го истакна следното: „Го негираме тоа што Грција волјата на нашата земја за одбрана на своите права и интереси ја оценува како закана и тоа што се обидува да создаде нереална перцепција во оваа насока. Доколку постои закана во регионот, таа закана произлегува од едностраните дејства на Грција кои ја зголемуваат тензијата.“

Нагласувајќи дека изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Дендијас се популистички тврдења, портпаролот Билгич ја изнее следната констатација: „Изјавите против Турција коишто ги дава грчкиот министер за надворешни работи Дендијас речиси секојдневно се популистички тврдења кои не се во услуга на мирот и стабилноста и се искинати од реалноста. Оваа провокативна реторика не се истоветува ниту со добрососедските односи, ниту со духот на консултативните разговори коишто ги започнавме повторно со Грција.“

Билгич истакна дека Дендијас претпочита тензија наместо дијалог и подвлече дека Грција презема активности за зголемување на тензиите во Егејот и Медитеранот во правец на нејзините максималистички тврдења коишто се во спротивност со меѓународното право.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич, ја повика Грција да ги почитува меѓународните договори и законите и го рече следното: „Го негираме тоа што Грција волјата на нашата земја за одбрана на своите права и интереси ја оценува како закана и тоа што се обидува да создаде нереална перцепција во оваа насока. / ... / Уште еднаш ја повикуваме Грција наместо да користи провоцирачка реторика и да води активности со популистички мотиви, да се врати на здрав разум и на меѓународното право и да ги почитува меѓународните договори.“

Инаку, грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас на одржаната прес конференција вчера со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фајсал бин Ферхан Ал Сауд во Атина, покажа реакција на изјавите на Турција во врска со тоа што Грција ги вооружува островите во Егејското Море што е спротивно на меѓународното право, а воедно тврдеше дека Турција следи агресивна политика во регионот.

 

 



Слични вести