Турција и Пакистан разговараа за најновите случувања во Авганистан

Вториот началник на Генералштабот генерал-полковник Селчук Бајрактароглу разговараше за најновите случувања во Авганистан со началникот на Генералштабот на Пакистан Надим Раза

1757716
Турција и Пакистан разговараа за најновите случувања во Авганистан

Вториот началник на Генералштабот генерал-полковник Селчук Бајрактароглу разговараше за најновите случувања во Авганистан со началникот на Генералштабот на Пакистан Надим Раза.

Според објавеното соопштение од страна на Одделот за односи со јавноста на Пакистан (ISPR), на остварената средба на Бајрактароглу со Раза во градот Равалпинди, во Пакистан, кадешто престојува во официјална посета беше направена проценка на зголемувањето на нивото и обемот на воената соработка меѓу двете земји, безбедносни и регионални прашања и за најновите случувања во Авганистан.

На средбата, и двете страни се согласија дека Турција и Пакистан кои се пријателски и братски земји под сите околности, ќе продолжат да воспоставуваат подлабоки стратешки врски.

Началникот на Генералштабот на Пакистан Надим Раза, посетата на Вториот началник на Генералштабот генерал-полковник Селчук Бајрактароглу ја оцени како манифестација на повеќестраната долгорочна соработка меѓу вооружените сили на двете земји.

Генерал-полковник Селчук Бајрактароглу, исто така истакна дека го цени придонесот на пакистанската армија во регионот и особено во мировниот процес во Авганистан.

Штабниот началник на штабот на Командата на копнените сили генерал-полковник Вели Таракчи на 27 декември 2021 година се состана со командантот на копнените сили на Пакистан генерал на армија Камар Џавид Баџва.

 



Слични вести