Претседателот Ердоган: Растот на извозот е показател дека сме на прав пат

Претсеателот Ердоган во врска со остварениот рекорден раст на извозот во 2021 година го рече следното: „Завршувањето на 2021 година со извоз од над 225 милијарди долари го покажува токму тоа што ние сме на прав пат“

1756995
Претседателот Ердоган: Растот на извозот е показател дека сме на прав пат

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган во седиштето на партијата говореше на состанокот на градските ограноци во проширен состав, кадешто истакна дека Турција ја заврши 2021 година со извоз од над 225 милијарди долари што претставува показател дека се на прав пат.

Осврнувајќи се на рекордниот раст на извозот во 2021 година, Ердоган во својот говор рече: „Завршувањето на 2021 година со извоз од над 225 милијарди долари го покажува токму тоа што ние сме на прав пат.“

Претседателот Ердоган истакна дека со овој нејзин успех Турција им покажа на сите угнетени и оштетени дека со сопствена волја и напори можат да ги постигнат своите права и слободи во најнапредни (највисоки) стандарди и дека можат да ги финализираат своите развојни потези.

Нагласувајќи дека сега влегуваат во многу поголем пробив (развој), Ердоган рече: „Веќе ги преземаме чекорите со кои Турција ќе стане една од 10-те најголеми економии во светот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така го нагласи и тоа дека во новата соопштена економска програма му се придава приоритет на вработувањето и го подвлече следното: „Го надгледавме и го имплементиравме ова разбирање во секое прашање, од минималната плата до зголемувањето на платите на државните службеници и пензионерите. Се надевам дека најтешкото го оставивме зад нас. Отсега е време да ги собереме плодовите од нашите напори и да му покажеме на нашиот народ дека чекор по чекор се приближуваме до нашите цели“.



Слични вести