Турција се подготвува за ново откритие на природен гас во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео со наслов „Одбројување во црноморскиот гас“

1756008
Турција се подготвува за ново откритие на природен гас во Црното Море

Турција се подготвува за ново откритие на природен гас во Црното Море.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео со наслов „Одбројување во црноморскиот гас“.

Велејќи дека се има за цел природниот гас од Црното Море да им се стави во услуга на граѓаните во првиот квартал на 2023 година, министерот Донмез рече: „Ние се подготвуваме за реализирање на дупчење за истражување на гас во уште една нова локација во непосредна близина на гасното поле Сакарија. Се надевам дека ќе споделиме слична радосна вест со нашиот народ и во 2022 година.“

Бродот за сондажа „Фатих“ минатата година откри вкупно 540 милијарди кубни метри природен гас во Црното Море.



Слични вести