Претседателот Ердоган: Турција е земја која економски најбрзо закрепна меѓу земјите од Г-20 во периодот на епидемијата
Претседателот Ердоган истакна дека Турција е земја која економски најбрзо закрепна меѓу земјите од Г-20 во периодот на епидемијата и го рече следното: „Успеавме да ја издвоиме Турција позитивно од глобалната здравствена криза“


Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот прв состанок на претседателскиот кабинет во новата година изјави дека светот го цени местото на коешто стои Турција и покрај епидемијата.
Ердоган напомена дека Турција е земја која економски најбрзо закрепна меѓу земјите од Г-20 во периодот на епидемијата и го рече следното: „Успеавме да ја издвоиме Турција позитивно од глобалната здравствена криза.“
Потсетувајќи дека и покрај зголемениот притисок на епидемијата врз економиите, Турција минатата (2021) година собори рекорд во извозот и обемот на надворешната трговија кој пред 20 години не изнесуваше ниту 88 милијарди долари сега ја достигна границата од 500 милијарди долари, претседателот Ердоган рече: „Ние станавме земјата којашто се опорави економски најбрзо меѓу земјите од Г-20 во периодот на епидемијата. Турција во 2021 година во економијата доживеа раст фокусиран на инвестиции, вработување, производство и тековен баланс. Веруваме дека ќе ги доловиме двоцифрените бројки на раст.“
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган појасни дека годишната стапка на инфлација во 2021 година изнесува 36,08 отсто и го додаде следното: „Ние сме одлучни да го скршиме вратот на инфлацијата во нашата земја којашто претходно ја намаливме до околу 6 отсто и во најскоро време повторно да ја намалиме на едноцифрени бројки.“