Претседателот Ердоган: Постигнатите бројки во извозот во 2021 година се рекордни

Претседателот Ердоган рече: Нашиот вкупен извоз во 2021 година во споредба со претходната (2020) година со раст од 32,9 отсто изнесува 225 милијарди 368 милиони долари. Тоа претставува рекорд.“

1756284
Претседателот Ердоган: Постигнатите бројки во извозот во 2021 година се рекордни

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната прес-конференција во Истанбул ги соопшти бројките за реализираната надворешна трговија во 2021 година.

Ердоган истакна дека постигнатите бројки во извозот во 2021 година се на рекордно ниво и рече: „Турција стана земја која управува со кризи, па дури и ги претвора кризите во можности. Нашиот вкупен извоз во 2021 година во споредба со претходната (2020) година со раст од 32,9 отсто изнесува 225 милијарди 368 милиони долари. Тоа претставува рекорд. Обемот на нашата надворешна трговија во 2002 година којшто изнесуваше само 87,6 милијарди долари, во 2021 година го зголемивме на 496,7 милијарди долари. Во групата производи коишто се извезуваат во 75 поглавја достигнавме до највисоката вредност во извозот во историјата на Републиката.“

Претседателот Ердоган појасни дека надворешно-трговскиот дефицит во 2021 година во споредба со претходната (2020) година се намали за 7,8 отсто и опадна на 45,9 милијарди долари, а соодносот на покриеност на извозот и увозот се зголеми на 83,1 отсто.

Велејќи дека најголемиот раст во извозот е остварен за Соединетите Американски Држави (САД), Ердоган рече: „Нашиот извоз во Јужна Америка се зголеми за 86,6 отсто, во европските земји надвор од Европската унија (ЕУ) за 29 отсто, на Блискиот Исток за 22,6 отсто, во Северна Африка за 44,8 отсто. Ние моментално се натпреваруваме со светот. Се наоѓаме во една глобална трка. Во 11 од последните 12 месеци соборивме рекорд во извозот. Турција успеа да го постигне и тоа. Со овие бројки Турција стана земја која располага со право на збор во светската трговија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека со секој поминат ден се зголемува и бројот на земјите кои тргуваат со турски лири и го подвлече следното: „Заклучно со 2021 година, нашите извозни трансакции ги реализиравме во 205 земји и региони. Обемот на надворешната трговија што го остваривме со турски лири достигна до 183 милијарди лири. Гледаме дека силниот перформанс во трговијата со стоки се одразува позитивно на нашиот извоз во трговски услуги. (Целите во извозот) Ги ревидираме нашите цели за 2022 година на 250 милијарди долари.“

 



Слични вести