Турција испрати помош во здравствени материјали на Виетнам

По остварениот разговор меѓу потпретседателот Фуат Октај и премиерот на Виетнам Фам Мин Чин, донираните материјали најпрвин од Анкара беа однесени во Истанбул, а оттука беа испратени во Ханој

1755729
Турција испрати помош во здравствени материјали на Виетнам
Turkiye vietnam saglik malzemesi.jpg
Turkiye vietnam saglik malzemesi1.jpg

Материјалите донирани од страна на Турција на Виетнам во рамките на договорот за соработка во здравството помеѓу двете земји, со помош на авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од Истанбул се испратени во Ханој, главниот град на оваа југоисточноазиска држава.

По остварениот разговор меѓу потпретседателот Фуат Октај и премиерот на Виетнам Фам Мин Чин, донираните материјали најпрвин од Анкара беа однесени во Истанбул, а оттука беа испратени во Ханој.

Меѓу испратените материјали се наоѓаат 10 вентилатори, 10 монитори за пациенти, 20.000 маски N95, 4.000 заштитни комбинезони, 100.000 ПЦР (PCR) тест комплети, 100.000 единици екстрактор на вирусна нуклеинска киселина и заштитна транспортна течност.

Материјалите кои беа пренесени до карго терминалот на Истанбулскиот Аеродром, овде извесно време беа чувани и складиран, а потоа оттука беа натоварени на авионот на  Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

Редовниот авион кој ги превезуваше и здравствените материјали, полета од Истанбул за Ханој и пристигна во Виетнам.



Слични вести