Реакција од Турција на нападот врз муслиманските гробишта во Изерлон во Германија

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека е дознаено со жалење за извршениот напад од страна на неидентификувани лица врз муслиманските гробишта во градот Изерлон, во Германија, ноќта на Нова година

1755657
Реакција од Турција на нападот врз муслиманските гробишта во Изерлон во Германија
Almanya Müslüman Mezarlıkları Saldırı.jpg

Турција побара да бидат фатени, предадени на правдата и да им бидат изречени заслужените казни на сторителите на извршениот напад врз муслиманските гробишта во градот Изерлон, во Германија.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи по ова прашање се истакнува дека е дознаено со жалење за извршениот напад врз муслиманските гробишта во градот Изерлон, во Германија.

Во соопштението се нагласува дека извршениот напад ноќта на Нова Година е нов показател за болниот антиисламски менталитет кој во последно време е во подем особено во Европа и кој ги поставува на мета за напаѓање дури и гробиштата на муслиманите.

Во соопштението стои и следното: „Се надеваме дека сторителите на овој грозен напад ќе бидат идентификувани, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе ја добијат заслужената казна. Впрочем посакуваме да бидат преземени неопходните мерки за да не бидат доживеани настани од ваков вид.“

Пратеникот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Зафер Сиракаја, исто така го осуди овој напад преку социјалните медиуми.

Тој напиша: „Ги повикувам германската Влада, полицијата, судството и јавноста да покажат јасен став против насилството и дискриминацијата врз муслиманите и против овој понизен менталитет со којшто се цели дури и против гробовите.“

Во извршениот напад врз муслиманските гробишта во градот Изерлох, во Германија, од страа на неидентификувано лице или лица беа скршени надгробните плочи на Турците и муслиманите.



Слични вести