Шентоп: Турција се прикажува како една од неколкуте земји кои ќе имаат право на збор во светот во иднина

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Турција се прикажува како една од неколкуте земји кои ќе располагаат со право на збор во светот во иднина

1755566
Шентоп: Турција се прикажува како една од неколкуте земји кои ќе имаат право на збор во светот во иднина

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп говореше на 16-тата традиционална средба на 1-ви јануари на Семејството на ширење на науката што се одржа во Истанбул.

Шентоп овде истакна дека Турција се издвојува позитивно од другите земји во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која влијае негативно на светот на секое поле.

Тој напомена дека Турција се прикажува како една од неколкуте земји кои ќе располагаат со право на збор во светот во иднина.

Нагласувајќи дека Турција во периодот на епидемијата им достави помош во здравствени материјали на 156 земји, Шентоп рече: „Ние мислиме дека овој процес е процес кој може да се надмине со заеднички напори, со разбирање и размислување едни за други.“

Мустафа Шентоп нагласи дека не само муслиманите, туку и немуслиманските угнетени народи во светот имаат очекувања и дови (молитви) од Турција.

„Во проценките на футуристите за во иднина, има прогнози за тоа 'Кои ќе бидат најмоќните, највлијателните и и одлучувачките земји во светот по 50-100 години?' Тие си имаат себе својствени динамики. Кога ќе се избројат 3 или 5 земји, меѓу нив апсолутно се наоѓа и Турција.“ - рече претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

 



Слични вести