Претседателот Ердоган им ја честита Новата година на војниците на планината Џуди на ирачката граница
Претседателот Ердоган обраќајќи им се на војниците на задача во воената база на планината Џуди преку телефонот на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, им ја честита Новата година

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за време на неговата посета по повод Новата година на „Модуларната безбедносна воена база шехид жандармериски подофицер постар наредник Хали Озчелик“ на планината Чуди на нултата точка на ирачката граница; разговараше телефонски со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.
Сојлу во телефонскиот разговор истакна дека пред една недела е најавена е завршена изградбата на воената база на планината Џуди, која е најмодерната воена база на Турција.
Велејќи „Сакам да го видите“, министерот Сојлу рече дека воената база е гордост на волјата што се покажува во борбата против тероризмот.
Потоа претседателот Ердоган обраќајќи им се на војниците преку телефонот на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, укажа на успешната борба што се води против тероризмот.
„Се чувствуваме горди со вас, поносни сме со вас. Знајте дека доколку утре се напише историја овој народ ќе пишува за вас. И јас се гордеам со вас.“ - рече Ердоган.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им ја честита Новата година на жандармериските војници кои се на задача во воената база на планината Џуди на нултата точка на ирачката граница.
Укажувајќи дека резултатите во борбата против тероризмот претставуваат извор на гордост, претседателот Ердоган истакна дека 2022 година ќе се гради посилна.
Слични вести
