Акар: Ние сме за решавање на проблемите преку преговори, во рамките на меѓународното право и добрососедските односи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција не претставува закана за никого и дека е на страната на решавање на проблемите преку преговори и дијалог во рамките на меѓународното право и добрососедските односи

1755563
Акар: Ние сме за решавање на проблемите преку преговори, во рамките на меѓународното право и добрососедските односи
akar.jpg
akar.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со комадниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во командата на поморската база во Фоча кај Измир се состана со морнарите во ТЏГ Бајрактар кој се оценува како „најголем заштитник на сината татковина“.

Во говорот што го одржа овде Акар истакна дека Турција не претставува закана за никого и дека е на страната на решавање на проблемите преку преговори.

Честитајќи му ја Новата година на персоналот, министерот Акар напомена дека копнените, поморските и воздушните сили со големо јунаштво ги исполнуваат задачите коишто им се даваат, ѝ внатре во границите на земјата, ѝ надвор преку границата.

Акар појасни дека се поминува ниа значаен период и дека Турција под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган внимателно ги следи критичните случувања во својот регион и ги презема неопходните мерки, а воедно даде изјави и во врска со неодамнешните доживеани настани во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Потсетувајќи на проблемите со Грција, Акар рече: „Ние секогаш велиме дека сме на страната на решавање на нашите проблеми преку преговори и дијалог во рамките на меѓународното право и добрососедските односи.“

Хулуси Акар потсети на консултативните разговори (со Грција) и на состаноците во НАТО коишто беа започнати во оваа смисла и напомена дека ги поканиле грчките власти на четвртиот состанок за којшто се планира да се одржи во рамките на мерките за зголемување на довербата.

Повторувајќи дека Турција не е закана за никого и дека е на страната на решавање на проблемите преку преговори, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Турција е доверлив, ефикасен и силен сојузник за нејзините пријатели и сојузници.“

 



Слични вести