Претседателот на Собранието Шентоп со порака за добрини во новата 2022 година
Претседателот на Шентоп во објавената новогодишната порака го истакна следното: „Со секој нов почеток и со влегување во една нова година, сфаќаме дека најскапоценото нешто е времето и дека не е возможно да се надомести“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавената новогодишна порака посака новата година да придонесе за мирот, пријателство и солидарноста во земјата и во светот.
Шентоп во пораката го истакна следното: „Свет народе, нашите животи течат со текот на времето. Со секој нов почеток и со влегување во една нова година, сфаќаме дека најскапоценото нешто е времето и дека не е возможно да се надомести“.
Тој посака 2022 година да биде повод за добрини.
Изразувајќи желба новата година да придонесе за мирот, пријателството и солидарноста во земјата и светот, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече: „И покрај сите хуманитарни и економски тешкотии што ги донесе новиот тип коронавирус (Ковид-19), никогаш не се откажавме од нашата надеж за добри денови без епидемија. Знаеме дека ако делуваме заедно во овие тешки денови што ги доживееме, можеме да ги ублажиме сите болки и страдања и да ги олесниме сите тешкотии. Ви ја честитам новата година со овие чувства и мисли; Се надевам дека со лекциите што ги извлековме од изминатите години, мирот, спокојството и довербата ќе завладеат во нашата земја, во нашиот регион и во целиот свет.“
Слични вести

Ердоган: „Проширувањето на НАТО за нас е значајно се додека се почитува нашата чувствителност“
Од нив очекуваме да ги разберат напорите на Турција за заштита на своите граници