Претседателот Ердоган учествуваше на премиерата на филмот „Пресекување; Добро е што те има Ерен“

Премиерата на филмот „Пресекување; Добро е што те има Ерен“ кој ќе почне да се прикажување на роденденот на Ерен Булбул на 01 јануари 2022 година (утре), се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во Бештепе, Анкара

1755020
Претседателот Ердоган учествуваше на премиерата на филмот „Пресекување; Добро е што те има Ерен“
erdoğan1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган присуствуваше на премиерата на филмот „Пресекување; Добро е што те има Ерен“, во кој се раскажува за животната приказна на 15-годишното неустрашиво момче Ерен Булбул и за подофицерот постар наредник Ферхат Гедик кои станаа шехиди (загинаа), беа убиени на 11 август 2017 година во населеното место Мачка кај градот Трабзон, од страна на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Премиерата на филмот „Пресекување; Добро е што те има Ерен“ кој ќе почне да се прикажува пред љубителите на кинематографијата на роденденот на Ерен Булбул на 01 јануари 2022 година (утре), се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во Бештепе, Анкара.

На премиерата на филмот „Пресекување; Добро е што те има Ерен“ во копродукција на Турската радио и телевизија (ТРТ), освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваа и  министерката за семејство и социјални услуги Дерја Јаник, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, потпретседателот на Партијата на правда и развојот (АК Партијата) Бинали Јилдирим, шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун, претседателот на Управниот одбор на ТРТ Ахмет Албајрак, генералниот директор на ТРТ Мехмет Захид Собачи, претседателот и Управниот одбор и генерален директор на новинската Агенција Анадолија „АА“ Сердар Караѓоз и други еминентни гости.



Слични вести