Претседателот Ердоган им ја честита Новата година на турските војници

Претседателот Ердоган им ја честиташе Новата година на персоналот на бродовите кои пловат во Егејското Море и Источниот Медитеран и на пилотите на авионите во воздух

1755393
Претседателот Ердоган им ја честита Новата година на турските војници

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите, учествуваше во мисијата за летање со авионот за известување и контрола од воздух по име „Ѓунеј“.

Во рамките на летот што се реализира над Егејското Море, Источниот Медитеран и југоисточноанадолската област, министерот Хулуси Акар заедно со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) изврши обиколка и контрола во врска со активностите на копнените, поморските и воздушните воени елементи.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар додека беше на небото над Источниот Медитеран, министерот Акар оствари безжичен телефонски разговор со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во разговорот претседателот Ердоган им се обрати на персоналот на бродовите кои пловат во Егејското Море и Истоќниот Медитеран и на пилотите на авионите во воздух на кои честиташе за успешните задачи.

Претседателот Ердоган им ја честиташе и Новата година на персоналот на бродовите кои пловат во Егејското Море и Источниот Медитеран и на пилотите на авионите во воздух.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган посака успехот во нивните задачи да продолжи и во 2022 година и им ја честита Новата година на турските војници Мехметчик.



Слични вести