Претседателот Ердоган гласаше за најдобрите фотографии на новинската Агенција Анадолија „АА“ за 2021 година

Претседателот Ердоган гласаше за најдобрите фотографии на новинската Агенција Анадолија „АА“ за 2021 година во три категории и тоа „Вести“, „Живот“ и „Спорт“

1755109
Претседателот Ердоган гласаше за најдобрите фотографии на новинската Агенција Анадолија „АА“ за 2021 година

На гласањето за избор на најдобрите фотографии на фоторепортерите на новинската Агенција Анадолија „АА“ за 2021 година коешто е во тек учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган ги разгледа фотографиите на дописниците и фоторепортерите на Агенцијата Анадолија коишто беа сликани во земјата и во странство во три категории и тоа „Вести“, „Живот“ и „Спорт“.

Тој беше информиран од страна на претседателот на Управниот одбор и генерален директор на новинската Агенција Анадолија „АА“ Средар Караѓоз во врска со фотографиите за кои се гласа.

Претседателот Ердоган во категоријата „Вести“ гласаше за фотографијата на Амер Шалоди под наслов „Непропорционална сила“.

На оваа фотографија се гледа како израелските војници го тепаат и приведуваат 10 годишниот Палестинец Исмаил Ен-Ничебир во градот Ел Халил на окупираниот Западен Брег.

Во категоријата „Живот“ претседателот Ердоган гласаше за фотографијата на Иса Терли под наслов „Истанбул и полумесечината“ на која се гледа како полумесечината создава извонредна и фасцинирачка глетка со Џамијата Чамлиџа и Кулата Галата во Истанбул.

Во категоријата во категоријата „Спорт“ пак, претседателот Ердоган ја избра фотографијата на Али Атмача насловена како „Шампионот Мете Газоз“.

На оваа фотографија се наоѓа турскиот репрезентативец Мете Газоз кој на Олимписките игри 2020 во Токио во категоријата класична стрела поединичено стана шампион и притоа доживеа голема радост што пак се одрази и на фотографијата.

Инаку, изборот на најдобри фотографии на новинската Агенција Анадолија „АА“ за првпат се одржа во 2012 година, а годинава фотографиите на 2021 година ќе бидат избрани во три категории.

Најдобрите фотографии во категориите „Вести“, „Живот“ и „Спорт“ се избрани меѓу 67 од повеќе од 825.000 фотографии.

Секоја година во процесот на гласање за најдобра фотографија на Агенцијата Анадолија учествуваат официјални лица од голем број земји, како и други познати личности од јавниот живот.

Фотографиите кои се во најтесна конкуренција за избор на најдобра фотографија  на 2021 година се достапни за гласање на веб-страниците aa.com.tr/yilinfotograflari и aa.com.tr/photooftheyear

Гласањето ќе трае денеска на 31 декември, последниот ден од оваа 2021 година, додека фотографиите кои се натпреваруваат се претставени со превод на турски и англиски јазик.

 



Слични вести