Новогодишна порака од Путин до Ердоган: Турција и Русија ќе го зајакнат блиското партнерство
Рускиот петседател Путин во испратената новогодишна порака до претседателот Ердоган нагласи дека и покрај пандемијата на Ковид-19 беа вложени напори за развивање на односите меѓу Русија и Турција во бројни сфери

Рускиот претседател Владимир Путин испрати новогодишни пораки до повеќе од 50 светски лидери меѓу кои и до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.
Според објавеното соопштение од претседателскиот дворец на Русија Кремљ, претседателот Путин во испратената новогодишна порака до претседателот Ердоган нагласи дека и покрај пандемијата на Ковид-19 беа вложени напори за развивање на односите меѓу Русија и Турција првенствено во трговијата, економијата, енергијата и воено-технолошките сфери.
Путин во пораката подвлече дека постојат можности за соработка и во сферата на мирољубивото откривање и истражување на вселената, како и во производството на вакцини против Ковид-19, а воедно го истакна следното: „Сигурен сум дека со заеднички иницијативи уште повеќе ќе бидат развиени интензивното партнерство во однос на меѓународни прашања и плодната билатерална соработка во корист на пријателскиот руски и турски народ, а со цел зајакнување на регионалната стабилност и безбедноста.
Рускиот претседател Владимир Путин, освен до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати новогодишни пораки и до други светски лидери меѓу кои и до американскиот претседател Џо Бајден, кинескиот претседател Ши Џинпинг, британската кралица Елизабета Втора, британскиот премиер Борис Џонсон, како и до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, папата Франциск и неколку поранешни лидери како јапонскиот Шинзо Абе, поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.
Слични вести

Ердоган: „НАТО е безбедносна организација, не можеме да прифатиме терористички организации“
Не можеме да прифатиме присуство на терористички организации во таква безбедносна организација