Новогодишна порака од претседателот Ердоган: Ние на нашиот народ му ветуваме голема и силна Турција
Претседателот Ердоган својата новогодишна порака рече: „Му се молам на мојот Господ 2022 година да биде повод за добрини за нашиот народ и за целото човештво. Ние сме посветени на целите за 2023 година, му ветуваме на нашиот народ голема и силна Турција“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави новогодишна порака во која истакна на народот му ветуваат голема и силна Турција.
Ердоган во пораката рече: „Му се молам на мојот Господ 2022 година да биде повод за добрини за нашиот народ и за целото човештво. Во 2021 година стана многу јасно дека поредокот воспоставен од страна на развиените земји не може да опстане на сметка на болката, бедата и приговорите на човештвото. Ние сме посветени на целите за 2023 година, му ветуваме на нашиот народ голема и силна Турција, ветуваме дека нашата земја ќе ја внесеме меѓу најголемите 10 економии во светот. Нова Турција продолжува по својот пат без отстапи од еланот и одлучноста да ја одреди сопствената иднина со своја сопствена волја, врз основа на својата силна демократија и развој со коишто располага.“
Слични вести
