Министерот Акар заедно со командниот врв во обиколка на пограничните единици на сириската граница
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во негова придружба извршија обиколка, увид и контрола на пограничните воени единици на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, заедно и со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите, командантот на копнените сили генерал на армија Муса Авсевер, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз; по извршената обиколка и контрола со авионот за известување и контрола од воздух над Егејското Море, Источниот Медитеран и југоисточноанадолската област, пристигна во градот Шанлиурфа.
Овде министерот Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во негова придружба извршија обиколка, увид и контрола на пограничните воени единици на границата со Сирија.
Министерот Хулуси Акар и командниот врв на аеродромот во Шанлиурфа беа пречекани од страна на командантот на втората армија генерал на армија Метин Ѓурак и други високи воени функционери по што извршија обиколка, увид и контрола на воените единици на граничната линија.
Потоа Акар премина во командата на Напредниот заеднички оперативен центар при Командата на копнените сили и овде одржа состанок преку видео конференција со командантите на воените единици на граничната линија и преку границата во северниот дел на Сирија.
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во оваа пригода беше информиран и за најновата состојба на терен.