Нормализација со Ерменија може да се оствари под услов да се откаже од инвазивната политика

И Ерменија може да биде вклучена, под услов да се откаже од својата агресивна и инвазивна политика

1754573
Нормализација со Ерменија може да се оствари под услов да се откаже од инвазивната политика

Портпаролот на Партијата за правда и развој Омер Челик рече дека процесот на нормализација со Ерменија може да се оствари само под услов оваа земја да се откаже од својата инвазивна и агресивна политика кон Азербејџан.

Омер Челик, во седиштето на партијата одржа прес-конференција додека траеше состанокот на Централно одлучувачки и управен одбор (ЦОУО).

Потсетувајќи дека пред неколку години беше потпишан протокол меѓу Турција и Ерменија во врска со меѓусебните чекори, но беше укинат бидејќи ерменскиот уставен суд го прогласи за неуставен, Челик рече: „Сега, откако окупацијата заврши со втората војна во Карабах (претходната година) и нашиот претседател (Реџеп Тајип Ердоган) и претседателот на Азербејџан, г. (Илхам) Алиев, изнесоа заедничка визија за формирање механизам кој ќе обезбеди мир, стабилност на целиот Јужен Кавказ, на целиот југ и намалување на тензиите... Тука спаѓаат Русија, Грузија, Иран, Азербејџан и Турција. И Ерменија може да биде вклучена, под услов да се откаже од својата агресивна и инвазивна политика. /…/. Најголемата чувствителност на нашиот претседател е нашите браќа Азербејџанските Турци позитивно да гледаат на овој процес на нормализација, бидејќи претседателот Алијев има позитивен став, Турција ги презема овие чекори за да придонесе за регионалниот мир, намалувањето на тензиите во регионот и да ја покаже својата вообичаена самодоверба и добра волја“.

Омер Челик во продолжение рече: „Затоа, во рамките на принципите што ги наведовме, овој процес на нормализација може да се одвива под услов Ерменија да се откаже од својата инвазивна и агресивна политика кон Азербејџан. Турција ја има потребната самодоверба, дипломатски капацитет, дипломатска подготовка и волја да преземе иницијатива во овој поглед. Се надеваме дека Ерменија ќе се откаже од овие инвазивни политики и ќе дејствува како дел од механизмот што ќе обезбеди стабилност на целиот Јужен Кавказ и оваа нормализација некако ќе се реализира“.



Слични вести