Видео порака од претседателот Ердоган до Конгресот на MAS-ICNA на американските муслимански организации

Претседателот Ердоган во видео пораката истакна дека треба уште повеќе да се зајакне солидарноста против движењата како што се растечката исламофобија, ксенофобија и културниот расизам

1753373
Видео порака од претседателот Ердоган до Конгресот на MAS-ICNA на американските муслимански организации

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака до 20-тиот Конгрес на MAS-ICNA кој се организира годишно од страна на американските муслимански организации, обединети под покривот на оваа федерација, на кој секоја година се собираат десетици илјади муслимани од целиот свет.

Ердоган во видео пораката истакна дека треба уште повеќе да се зајакне солидарноста против движењата како што се растечката исламофобија, ксенофобија и културниот расизам.

Тој рече: „Муслиманите можат да постигнат мир само ако бидат единствени и ако се обединети меѓу себе.“

„Нашиот Господ ни ја дава добрата вест во Куранот дека по секоја тешкотија, сигурно има леснотија. Еден од нашите духовни водачи Хазрети Мевлана, буквално ја протолкува оваа добра вест на нашиот Господ велејќи: 'Колку ли бројни надежи има зад безнадежноста. Колку ли бројни сонца има зад темнината'. Ние сме сведоци на ова божествено евангелие, како во нашиот политички и секојдневен живот,  така и во нашата борба за татковината, за нашата нација и нашиот уммет. Иако се соочуваме со тешкотии и тежини, ние сме благословени со леснотијата којашто секогаш доаѓа по тешкотијата/маката.“ - порача Ердоган.

Велејјќи дека ќе има леснотија/расположение и удобност и по епидемијата на Ковид-19, претседателот Ердоган рече: „За тоа, ние треба да ја продолжиме нашата борба со решителност, без очај и со претпазливост.“

Тој предложи да им се помогне на луѓето кои останаа без работа поради епидемијата и привлече внимание дека треба да се зголемат напорите за просперитетот на општеството.

Ердоган рече: „Мораме дополнително да ја зајакнеме нашата солидарност против движењата како што се исламофобијата, ксенофобијата и културниот расизам, кои заедно со епидемијата се во подем. Муслиманите можат да постигнат мир само ако бидат единствени и ако се обединети меѓу себе. Не можеме да дозволиме нашето световно братство да биде оштетено поради нашите етнички и културни разлики. Сите муслимани се браќа, без разлика на нивната боја, расна припадност, нивната култура, сектата или верата“

Нагласувајќи дека во исламот нема место за раздор, национализам  и тероризам, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Соочени со зголемените закани за нашето постоење, треба да се обидеме и да го заземеме местото што го заслужуваме во општеството како муслимани со самодоверба, со сеопфатно разбирање, наместо да се повлекуваме во себе. Верувам дека кога ќе го постигнеме тоа, нашиот Господ ќе ги отвори до крај вратите на милосрдието пред нас“.

 



Слични вести