Калин: Турција верува и им придава значење на силните и здрави односи со муслиманската заедница во САД

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на свечената вечера на Конгресот на MAS-ICNA истакна дека Турција верува и им придава значење на силните и здрави односи со муслиманската заедница во Соединетите Американски Држави (САД)

1753454
Калин: Турција верува и им придава значење на силните и здрави односи со муслиманската заедница во САД

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин им се обрати на учесниците на свечената вечера на Конгресот на MAS-ICNA кој се организира годишно од страна на американските муслимански организации, обединети под покривот на оваа федерација и во кој се вклучени десетици илјади муслимани од целиот свет.

Калин во оваа пригода истакна дека Турција верува и им придава значење на силните и здрави односи со муслиманската заедница во Соединетите Американски Држави (САД).

Нагласувајќи дека на луѓето им треба обновување, просветлување и духовност против сето она што се случува во светот, ѝ во исламскиот свет и во светот воопшто, Калин привлече внимание дека Конгресот на MAS-ICNA го дава ова чувство.

Тој напомена дека верувањето не е само да се верува во нешто и го рече следното: „Верата повеќе се однесува на решителноста. Верата се однесува на тоа целосно да се биде одлучен за духовноста, правдата, добрината. Ако ја немате таа решителност, верата е само на збор, или на лик. Овде видов многу важна одлучност и позитивна енергија. Мораме да се справиме со многу сериозни предизвици и знам дека има одредени прашања, но и таа одлучност претставува извонредна работа.“

Во градот Чикаго во Соединетите Американски Држави (САД) продолжува годишниот Конгрес на MAS-ICNA којшто се одржува по 20-ти пат оваа година од страна на американските муслимански организации, обединети под покривот на оваа федерација.

Конгресот на MAS-ICNA, кој минатата година поради епидемијата на Ковид-19 се одржа во виртуелна средина, годинава се одржува директно лице в лице.

Тридневниот конгрес на кој беа одржани говори од страна на водечки имиња на американските муслимани, а се одржуваат и бројни манифестации, програми и социјални активности, ќе заврши денеска со завршна седница.

 



Слични вести