Џаферовиќ: Турција под лидерство на Ердоган придонесува за економскиот развој и стабилноста во регионот

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ истакна благодарение на лидерството на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Турција придонеува за економскиот развој и стабилноста во регионот

1753631
Џаферовиќ: Турција под лидерство на Ердоган придонесува за економскиот развој и стабилноста во регионот

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ направи проценка на неговата остварена средба со министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој престојуваше во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Џаферовиќ истакна благодарение на лидерството на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Турција придонеува за економскиот развој и стабилноста во регионот.

Нагласувајќи дека за време на посетата на министерот Акар уште еднаш е потврдено дека Турција е вистински пријател на Босна и Херцеговина и дека многу внимателно ги следи случувањата во земјата, Џаферовиќ рече: „Турција е вистински пријател на Босна и Херцеговина. Таа многу внимателно ги следи настаните во Босна и Херцеговина. Тоа уште еднаш го потврдивме на нашата средба со министерот Акар.“

Џаферовиќ појасни дека Турција го поддржува 26-годишниот Дејтонски договор и го истакна следното: „Државата Република Турција без било какви отстапки ги поддржува суверенитетот, територијалниот интегритет и државните институции на Босна и Херцеговина. Турција како членка на Советот за имплементација на мирот, го поддржува и патот на Босна и Херцеговина кон Европската унија (ЕУ) и НАТО.“

Укажувајќи дека потпишаната воена финансиска соработка меѓу Турција и Босна и Херцеговина е многу значајна за вооружените сили на Босна и Херцеговина, Џаферовиќ појасни дека благодарение на приодот на претседателот Ердоган Турција ја доби довербата на сите во Босна и Херцеговина.

Тој рече: „Ставот на Турција на точката на 'соработка и заеднички интереси' во Босна и Херцеговина се заснова на соживотот во спокојство на сите народи во земјата..“



Слични вести