Турција жестоко го осуди терористичкиот напад во Буркина Фасо
Министерството за надворешни работи објави порака со сочувство за загинатите во терористичкиот напад што беше извршен во областа Ју, во провинцијата Лорум во западноафриканската држава Буркина Фасо

Турција го осуди терористичкиот напад во Буркина Фасо во кој загинаа 41 доброволец и цивил од составот на армијата во оваа западноафриканска држава.
Министерството за надворешни работи објави порака со сочувство по повод терористичкиот напад што беше извршен во областа Ју, во провинцијата Лорум во Буркина Фасо.
Во пораката со сочувство на Министерството се истакнува дека со длабоко жалење е дознаено за загинатите 41 доброволец и цивил од составот на армијата на Буркина Фасо, во терористичкиот напад.
„Жестоко ја осудуваме оваа грозоморна терористичка акција. Го изразуваме нашето искрено сочувство до блиските на загинатите во нападот и на пријателскиот и братски народ и Владата на Буркина Фасо.“ - стои во објавената порака со сочувство од страна на Министерството за надворешни работи на Турција.
Слични вести
