Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Сараево се состана со неговиот колега Сифет Поџиќ

Двајцата министри за одбрана Хулуси Акар и Сифет Поџиќ најпрвин имаа средба лице в лице, а потоа претседаваа со меѓуделегациските разговори

1753206
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Сараево се состана со неговиот колега Сифет Поџиќ
Hulusi Akar_askeri_toren_Bosna.jpg
hulusi akara bosnada.jpg
hulusi akar bosna.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој вчера отпатува во официјална посета на Босна и Херцеговина ги започна своите средби и разговори во оваа земја.

Министерот Акар во главниот град Сараево најпрвин ги посети гробиштата на шехидите (паднатите борци) во Ковачи каде се наоѓа и гробот на Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на Босна и Херцеговина.

Акар положи венец и читаше дова (молитва) на Споменикот на незнајчниот војник и на гробот на Алија Изетбеговиќ, а потоа оттука премина во Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.

Овде, министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше пречекан со воена церемонија од страна на неговиот колега, министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Сифет Поџиќ и ја поздрави почесната гарда.

Двајцата министри Акар и Поџиќ најпрвин имаа средба лице в лице, а потоа претседаваа со меѓуделегациските разговори.

По остварените разговори Акар и Поџиќ одржаа заедничка прес-конференција.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар овде истакна дека сепаратистичката реторика во Босна и Херцеговина не е во ничија корист и дека тие народот на Босна и Херцеговина го гледаат како целина.

„Ги повикуваме релевантните страни колку што е можно да размислат разумно и да делуваат воздржано.“ - рече Тој.

Нагласувајќи дека како Турција и придаваат мошне големо значење на стабилноста и интегритетот на Босна и Херцеговина, Акар истакна дека ги поддржуваат односите и интеграцијата на Босна и Херцеговина со евроатлантските институции и НАТО.

Акар рече: „Сметаме дека сепаратистичката реторика во Босна и Херцеговина не е во ничија корист. Народот на Босна и Херцеговина го гледаме како целина. Внимателно ја следиме ситуацијата. Ги покануваме релевантните страни колку што е можно да размислат разумно и да делуваат воздржано.“

Хулуси Акар напомена дека доколку пристигне барање за тоа Турција е спремна да го направи она што и се паѓа нејзе во однос на секое прашање, вклучувајќи го и посредувањето.

Потоа, министерот Хулуси Акар во рамките на својата посета на Сараево го прими и началникот на Генералштабот на Босна и Херцеговина генерал-полковник Сенад Машовиќ.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој се планира да биде примен кај членовите и на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина, ќе го посети и Претседателството на турската претставничка делегација во Зеница.

Акар потоа од Сараево ќе отпатува во посета на Косово кадешто ќе биде пречекан со воена церемонија во Министерството за одбрана.

Министерот Акар овде ќе се состане со неговиот колега, косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај, а ќе биде примен и кај претседателката Вјоса Османи.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ќе се состане и со косовскиот премиер Албин Курти и ќе има средба со персоналот на задача во рамките на Претседателството на турската претставничка делегација.

 



Слични вести