Ибрахим Калин порача од САД: Со ослободувањето на Карабах е отворена нова страница во историјата

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во оваа пригода истакна дека со ослободувањето на Карабах е отворена нова страница во историјата

1752957
Ибрахим Калин порача од САД: Со ослободувањето на Карабах е отворена нова страница во историјата

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој престојува во Соединетите Американски Држави (САД) кадшето ќе учествува на Конгресот MAS-ICNA кој се организира годишно од страна на американските муслимански организации кои се обединети под покривот на оваа федерација, во Генералниот конзулат на Турција во Чикаго се состана со турските граѓани кои живеат во САД.

Калин во оваа пригода истакна дека со ослободувањето на Карабах е отворена нова страница во историјата.

Ослонувајќи се на тоа дека турско-американските односи се доволно критични за да се развие перспектива за стратешко партнерство, Калин привлече внимание дека покрај спорните прашања, има и сфери за кои Турција и САД продолжуваат да работат и да се согласуваат.

На едно поставено прашање во однос на тоа дека ерменското лоби во САД  неговата антитурска настроеност ги доведе во состојба на дел од неговиот идентитет, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин рече: „Во Кавказ напредува еден многу поинаков процес, сега е пред колапс  структурата над која оваа дијаспора ја гради сета своја енергија и сите свои аргументи. Односно конфликтот Турција-Ерменија или турско-ерменскиот конфликт сега завршува во Кавказ. Заедно со ослободувањето на Карабах, со стекнувањето со неговата независност и неговото приклучување кон  териториите на Азербејџан, е отворена нова страница во историјата.“

 



Слични вести